Обично се советува напивките за слабеење да се пијат наутро.
Меѓутоа, некогаш е многу подобро пред спиење да се испие специјално приготвена напивка која ќе ни го олесни варењето и ќе ни овозможи безгрижно да потонеме во сон.
Измешајте 200 милилитри сок од ананас, лажица цимет и половина лажиче ким.
Бромелинот од ананасот помага и поттикнува подобро варење – самиот бромелин е многу корисен бидејќи им помага на останатите ензими кои активно учествуваат во процесот на варење, како трипсинот и пепсинот, овозможувајќи на тој начин непречено и ефикасно варење.
Циметот го има истиот ефект. Драстично го намалува дуењето и ги редуцира гасовите.
Кимот е многу делотворен и за топење на стомачните масти и е познат како најефикасниот зачин за слабеење.