Поранешниот олимписки шампион во скијачки скокови, Норвежанецот Роберт Јохансон, објави дека се повлекува од спортот додека е во тек истрагата за наводна измама на неговите колеги од репрезентацијата, во текот на Светското првенство во нордиско скијање. Триесет и петгодишникот првично не беше под сомнение кога избувна скандалот во врска со промената на скијачката облека за натпреварување во норвешката репрезентација, на домашен терен, во Трондхајм. Сепак, тој подоцна беше суспендиран од Меѓународната скијачка и сноуборд федерација (ФИС), заедно со неколкумина други норвешки натпреварувачи и не му беше дозволено да учествува на последните натпревари од сезоната.
- Имам впечаток дека бев суспендиран само затоа што сум Норвежанец – изјави Јохансон за тамошната телевизија ТВ2.
Во текот на својата кариера, тој три пати го освои Светското првенство.