Палестинската милитантна група „Хамас“ соопшти дека денеска го ослободила израелско-американскиот заложник Едан Александер.
Во соопштението се наведува дека со тоа се отвора пат за враќање на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, пренесе „Ројтетс“.
„Хамас“ истакнува дека е подготвен да биде вклучена во преговорите за постигнување сеопфатен и одржлив договор за прекин на огнот со Израел.