Се отстранува мини депонија во близина на СЦ „Борис Трајковски“

25

Општинските служби на Карпош задолжени за хигиената на јавниот простор  почнаа со расчистување на мини депонијата која се наоѓа во близина на СЦ „Борис Трајковски“.

-Оваа мини депонија веќе одреден период се полни со шут и друг отпад од  несовесни граѓани и имаше тенденција да прерасне во сериозен извор на загадување, па општината интервенираше и спроведува акција за нејзино расчистување, како и поставување на заштитна рампа која би спречила повторно депонирање на отпад – информираа општинските власти.

Тие додаваат дека инспекторатот на Општина Карпош будно ќе следи и превенира случаи на несовесно фрлање на отпад и ќе казнува согласно своите надлежности и законски прописи на целата нејзина територија.

ИЗДВОЕНИ