Се „омрсија“ Здравко Чолиќ, Карлеуша, Северина, Александра Пријовиќ, Лепа Брена, Ацо Пејовиќ….    

600

И од оваа новогодишна ноќ, пејачите нема за што да се пожалат. Без разлика дали оние нашите или оние од просторите на поранешна Југославија. Сите одлично се „омрсија“, кој повеќе, кој помалку, но очигледно е дека нема незадоволни. Задоволна е и публиката, која во голем број дојде на градските плоштади да ја прослави најлудата ноќ, да пее и пие со своите музички миленици.                          Како што бидува обично, хонорарите на македонските естрадни имиња се строго доверливи, мислиш воена тајна се, иако нивните хонорари не може да се споредуваат со хонорарите на оние од Србија, Хрватска и од Босна. За оваа Нова година, ниту еден од нив (од екс-ЈУ) не настапи во Македонија, туку некаде подалеку. За причините зошто е тоа така, не навлегуваме, но тие пак си добија мошне големи суми. Поранешните југословенски музички ѕвезди не кријат за својата заработувачка. Велат, чесно се заработени, во што не се сомневаме. Секако дека уредно ги имаат намирено даночните обврски за тие „мрсни“ пари, во своите управи за јавни приходи.Па така, најбаснословни хонорари за своите настапи со преку 100 илјади евра добија Александра Пријовиќ (снаата на Лепа Брена), пеејќи на Црногорското Приморје, Дино Мерлин со настапот на дубровничкиот Страдун, Здравко Чолиќ ја забавуваше публиката во Бар, додека Јелена Розга во Сараево. Веднаш по нив се Ацо Пејовиќ, Северина, Лепа Брена, Горан Бреговиќ со, исто така, одлични 80 илјади евра. Во Будва настапија сексапилните Наташа Беквалац и Емина Јаховиќ, кои се задоволија со „скромни“ 30-40 илјади евра. Побогата беше контроверзната Бресквица, која пеејќи во близина на Златибор, Србија, заработи 50 илјади евра, а секако и Неда Украден со настапот во Херцег-Нови, како и Јелена Карлеуша во предградието на Белград. Најслабо од сите овие беше платена Џејла Рамовиќ, “само“ со 25 илјади евра. Списокот не завршува тука, но ова се оние што оставија најсилен впечаток. Меѓутоа, не сите од нив имаа среќа со парите. Групата „Ѓогани“ (со добро познатите денсери Весна и Ѓоле) поради проблем со организаторот од Германија, остана без ниту едно евро, без хонорар. Ете, за жал, и тоа го има на естрадата.  (Д. М.) фото:ФБ

 

ИЗДВОЕНИ