Се огласија турските претставници по инцидентите во Црна Гора: Презедовме мерки

1478

Турското Министерство за надворешни работи (МНР) објави дека, како одговор на неодамнешните настани во Црна Гора, презело мерки за да ја обезбеди безбедноста на турските граѓани и е во постојан контакт со црногорските власти.

На веб-страницата на турското МНР е наведено дека во Црна Гора во текот на изминатиот викенд се случиле „некои вознемирувачки инциденти што ги погодија и нашите граѓани“, пишува Вијести.

„Веднаш по избувнувањето на настаните, воспоставен е контакт со црногорските власти и преземени се потребни мерки за заштита на нашите граѓани“, се вели во соопштението.

Министерството додаде дека внимателно ја следи ситуацијата: „Развојот на настаните внимателно се следи од сите аспекти, а контактите и координацијата со црногорските власти се одржуваат континуирано“, соопшти турското МНР.

Полицијата во Подгорица ги уапси азербејџанскиот државјанин Ј. Г. (31) и турскиот државјанин Н. Д. (54), осомничени дека пред две ноќи го повредиле М. Ј. во подгоричката населба Забјело.

Како што е објавено, тие се осомничени за кривично дело насилно однесување. Полицијата спроведе рации на неколку локации, додека во исто време се собра голем број мештани кои, револтирани од насилството, постојано извикуваа навредливи пароли против Турците.

На терен беа распоредени голем број полицајци и инспектори, а беа извршени контроли на неколку места во населбата.

Подгорица, исто така, одлучи привремено да го укине безвизниот систем за Турција.

Нов инцидент во Подгорица: Автомобил запален на паркинг – сопственикот е турски државјанин

ИЗДВОЕНИ