Родителите на 24-годишната Сијана Панина, келнерката која почина во пожарот на новогодишната ноќ во барот „Ле Констелејшн“ во Кран Монтана, Швајцарија, за прв пат јавно проговорија за последните моменти на нивната ќерка и околностите на трагедијата во која загинаа 40 лица, а 116 беа повредени – и за која некои во јавноста ја обвинија Сијана.
Сијана Панина беше една од вработените во барот каде што избувна пожарот на новогодишната ноќ. Според досега познатите информации, младата жена носела шишиња шампањ со запалени прскалки, седејќи на рамената на маскирано лице.
Видеото од тој момент стана вирално. Истражителите се сомневаат дека прскалките ја запалиле звучната изолација на таванот, која била лесно запалива, по што пожарот се проширил низ целиот простор за само неколку минути.
Иако јавно е објавено тврдењето тврди дека Сијана ненамерно го предизвикалапожарот, нејзиното семејство и адвокат нагласуваат дека ваквите заклучоци се прерани и дека одговорите можат да се дадат дури откако ќе заврши истрагата.
Адвокатката на семејството, Софи Хени, истакнува дека Сијана не била задолжена за послужување маси таа вечер, туку, поради големиот број нарачки, сопственикот на ресторанот ѝ наредил да се спушти во подрумот и да им помогне на колегите.
– Сијана никогаш не била предупредена за опасноста од запаливиот таван, ниту пак добила никаква обука за противпожарна безбедност. Таа несомнено е жртва – рече адвокатот, додавајќи дека трагедијата немаше да се случи доколку се почитувале безбедносните прописи.
По избувнувањето на пожарот, Сијана, според нејзините родители, се обидела да избега низ излезот за итни случаи во подрумот, кој добро го знаела. Сепак, вратата кон тој излез била заклучена. Пријателите подоцна ја пронашле без свест пред вратата, откако успеале да ја скршат однадвор.
– Ја извлекле. Таа сè уште била жива, но без свест, рекла нејзината мајка Астрид.
Родителите не можат да разберат зошто вратата од излезот за итни случаи била заклучена.
– Сопственикот се плашел дека луѓето ќе влезат без да платат. А масите чинеле илјада евра по маса. Да беше вратата отворена, сите деца ќе излезеа. Можеби тогаш воопшто немаше да има смртни случаи – рече мајката.
Според записите до кои дојдоа швајцарските медиуми, сопственикот на барот, Жак Морети, се обидел да влезе во зградата откако избувнал пожарот. Главниот влез бил непрооден, а кога влегол низ страничната врата, ја нашол заклучена одвнатре. Зад неа, пронашол неколку луѓе како лежат неподвижни на подот, вклучувајќи ја и Сијана.
– Се обидувавме да ја реанимираме повеќе од еден час, сè додека спасувачите не ни кажаа дека е предоцна – рече Морети.
Неговата сопруга и ко-сопственичка на ресторанот, Џесика Морети, им кажа на полицајците дека Сијана ѝ била како помлада сестра и дека го поминала Божиќ со нивното семејство.












