Се огласи Вучиќ: Разговарал со Дијана Хрка/ВИДЕО

246

Српскиот претседател Александар Вучиќ се огласи на својот Инстаграм профил со видео порака, а како што тврди, утрово разговарал по телефон со Дијана Хрка, која штрајкува со глад во Ќациленд.

Вучиќ изјави дека утрово разговарал со Дијана Хрка и Угљеша Мрдиќ, кои исто така штрајкуваат со глад, но на скалите на српскиот парламент.

Тој наведе дека „ја замолил Хрка да го прекине штрајкот со глад“.

„Утрово разговарав по телефон со Дијана Хрка и Угљеша Мрдиќ. Ги замолив да го прекинат штрајкот со глад и ја поканив г-ѓа Хрка во претседателството на состанок. Сите добри луѓе во Србија се загрижени за нејзиното здравје и се молам и се надевам дека ќе донесат одлука да го прекинат штрајкот“, рече Вучиќ.

Дијана Хрка го започна штрајкот со глад на 2 ноември, денот по годишнината од уривањето на настрешницата на железничката станица и комеморативниот собир во Нови Сад.

Хрка бара кривично гонење на одговорните за трагедијата во Нови Сад, ослободување на сите притворени студенти и распишување предвремени парламентарни избори.

ИЗДВОЕНИ