Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во периодот од 17.09.2025 (09:30 часот) до 18.09.2025 (09:30 часот) беа спроведени индикативни мерења на суспендирани цврсти честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀) на мерното место во зоната на Трубарево.
Мерењата се извршени со автоматскиот систем AMBICON RTM–PM, нефлометар за следење во реално време на концентрациите на честички во воздухот, со селекција на фракцијата PM₁₀. За мониторингот бил користен инструмент ES-642, METONE, USA, сертифициран за индикативни мерења согласно MCERTS, UK.
Според резултатите:
Просечна концентрација: 10.9 µg/m³
Максимална измерена вредност: 25.6 µg/m³
Моментална вредност: 16.5 µg/m³
Министерството нагласува дека просечните концентрации на PM₁₀ честички се во рамките на дозволените граници и не е евидентирано надминување на граничните вредности. Концентрациите се движат во рамките на 24-часовната гранична вредност за заштита на здравјето на луѓето, согласно Уредбата за гранични вредности за загадувачки супстанции во амбиентниот воздух („Службен весник на РМ“, бр. 183/17).
Министерството ќе продолжи со редовно следење на квалитетот на воздухот и навремено информирање на јавноста за состојбата.