Се огласи индиската полиција: Објавен погрешен број жртви на авионската несреќа поради грешка во пребројувањето

1470
EPA-EFE/SIDDHARAJ SOLANKI

Индиската полиција денеска соопшти дека повеќе од 240 лица загинале во авионската несреќа на „Ер Индија“ во Ахмедабад, посочувајќи дека претходно објавениот биланс на загинати од 294 е погрешен поради тоа што деловите од телата на жртвите се бројат двапати, пренесува Ројтерс.

Меѓу загинатите има и патници на авионот на „Ер Индија“ и студенти на медицинскиот колеџ BJ, кој се наоѓа во близина на аеродромот Ахмедабад.

Локалните власти потврдија дека најмалку пет студенти загинале, а околу 50 се повредени, додека Британецот Вишваш Кумар Рамеш е единствениот потврден патник кој ја преживеал несреќата.

Авионот се урна во хостел за медицински работници во Ахмедабад, а според локалната полиција и спасувачките тимови, на местото на несреќата биле пронајдени најмалку 204 тела.

Според извештајот на Федерацијата на индиските лекарски здруженија (ФАИМА), повеќето од патниците од авионот биле пренесени во болница без знаци на живот.

Патнички авион на „Ер Индија“ со повеќе од 240 луѓе се урна денеска при полетување на аеродромот во западниот индиски град Ахмедабад во државата Гуџарат.

Авионот требало да лета за Лондон, а меѓу патниците имало и државјани на Индија, Велика Британија, Канада и Португалија.

ИЗДВОЕНИ