Ајатолахот Али Хамнеи, врховниот лидер на Иран, денес по неколкудневна пауза ги објави своите први пораки на социјалната мрежа X, по што следеше видео обраќање.
Тој „честиташе за победата“ над Израел или како што изјави „грешниот ционистички режим“.
I offer my congratulations on the victory over the fallacious Zionist regime.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 26, 2025
Пред тоа, на профилот на ајатолахот беше објавена видео порака на англиски јазик.
„Наскоро ќе биде емитувана важна порака на телевизијата на имамот Хамнеи“, се вели во објавата.
Би-Би-Си пренесе дека во својата втора честитка до своите сонародници на Х, Хамнеи се фокусирал на „победата на нашиот сакан Иран над американскиот режим“.
Ајатолахот рече дека „САД влегоа во војната затоа што сметаа дека ако не го сторат тоа, ционистичкиот режим ќе биде целосно уништен“.
Хамнеи, исто така, оцени дека Америка „не постигна ништо со оваа војна“ и дека Иран успеал да излезе од неа како „победник“ и „да ја плесне Америка во лицето со тешка шлаканица“.
Во порака на Телеграм на фарси, јазикот што се зборува во Иран, ајатолахот испрати и „трета честитка, честитка за единството на иранскиот народ“.
– Нација од околу 90 милиони луѓе стоеше заедно, зборуваше со еден глас, еден до друг, во поддршка на вооружените сили. „Иранскиот народ покажа исклучителен карактер и покажа дека, кога е потребно, само еден глас ќе се чуе од оваа нација“, порача Хамнеи.
„Скај њуз“ објави дека во видео обраќање, кое следеше по пораките на социјалните мрежи, ајатолахот рекол дека американскиот претседател Доналд Трамп требало да се „покаже како шоумен“, но дека САД „не можат да направат многу“ со воздушните напади врз иранските нуклеарни постројки.
The Islamic Republic delivered a heavy slap to the US’s face. It attacked and inflicted damage on the Al-Udeid Air Base, which is one of the key US bases in the region.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 26, 2025
Хамнеи, исто така, предупреди дека агресијата врз Иран „скапо ќе чини“ доколку нападите се повторат.
Тој, исто така, потсети дека Трамп го повикал Иран да се „предаде“, но дека тие коментари биле „премногу големи за устата на американскиот претседател“.
„За голема земја и нација како Иран, дури и споменувањето на предавање е навреда“, додаде Хамнеи.
Ајатолахот не е виден во јавноста околу една недела, а се верува дека бил во бункер поради заканите од Израел дека ќе го убијат во воздушни напади.
По острите пораки исчезна! Каде е Али Хамнеи – ни трага ниту глас од врховниот лидер на Иран