– Настанот беше наменет за наставниците од основното и од средното образование и посветен на споделувањето искуства и добри практики за примената на играта како иновативен метод во наставата. Наставниците имаа можност да презентираат креативни идеи и примери од својата работа што поттикнуваат активност, соработка и развивање на креативноста кај учениците. Овој несекојдневен настан обедини наставници од четири училишта: ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“, двете од Крива Паланка, ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ од Ранковце и СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка. Секој од нив придонесе со оригинални идеи и примери од практиката, покажувајќи дека иновативната и креативна настава е реалност што може да се создава секојдневно – истакна Лариса Жулина -Митовски од основното училиште „Свети Јоаким Крчовски”
Интерактивни методи за активни ученици беше темата на првото „Даскалско кафе”, кое се одржа викендов, во просториите на Европската куќа Крива Паланка, на кое присуствуваа околу 25 наставници од Крива Паланка, разменувајќи идеи, искуства и добри практики за примената на интерактивни методи и игра во наставата. Настанот беше организиран од Клубот на наставници, а модератор беше наставникот ментор Лариса Жулина-Митовски од основното општинско училиште „Свети Јоаким Крчовски”, Крива Паланка.
– Настанот беше наменет за наставниците од основното и од средното образование и посветен на споделувањето искуства и добри практики за примената на играта како иновативен метод во наставата. Наставниците имаа можност да презентираат креативни идеи и примери од својата работа што поттикнуваат активност, соработка и развивање на креативноста кај учениците. Овој несекојдневен настан обедини наставници од четири училишта: ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“, двете од Крива Паланка, ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ од Ранковце и СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка. Секој од нив придонесе со оригинални идеи и примери од практиката, покажувајќи дека иновативната и креативна настава е реалност што може да се создава секојдневно – истакна Жулина-Митовски.
Ова беше прв ваков настан во градот, а следната средба ќе биде посветена на дигиталните алатки во наставата и методите за креативна мотивација на учениците.
– Овој собир беше вистинска инспирација за сите присутни. Наставниците споделија свои примери за активности создадени со алатките „WordWall“, „LearningApps“ и „Kahoot“, кои поттикнуваат креативност, соработка и активно учење кај учениците. Во спонтана и пријателска атмосфера, учесниците дискутираа како може да стане играта моќна алатка за учење – средство што ги поттикнува љубопитноста, критичкото размислување и самостојноста на учениците, истовремено градејќи ги тимскиот дух и мотивацијата – наведе Жулина-Митовски.
Целта на иницијативата е да се создаде простор за споделување, инспирација и за професионален раст на наставниците преку неформално дружење и дијалог.
Со „Даскалско кафе“, наставниците од Крива Паланка поставуваат нови стандарди во професионалниот развој и меѓусебната соработка, потврдувајќи дека иновативната и креативна настава започнува со споделување на идеи и соработка.












