Се  обновува живеалиштето на бодликавите прасиња

24

Бодликави прасиња, кои  се симпатични, но и многу уникатни жители на Скопската зоолошка градина ќе добијат подновено живеалиште.

Од Скопската зоолошка градина информираат дека живеалиштето целосно е бетонирано за подобра заштита, безбедност и хигиена, а истовремено е и разубавено, за да наликува на нивното природно опкружување.

-Овие животини сега имаат уште повеќе простор за движење и активности, со услови што им овозможуваат да се чувствуваат безбедно и удобно – децидни се од Зоолошката  градина.

Оттаму додаваат дека по бетонирањето на подлогата следува следната фаза во која живеалиштето ќе го добие целосно природниот изглед.

Бодликаво прасе е животно со мирен и повлечен карактер, но кога ќе се почувствува загрозено, знае многу добро да се заштити со своите боцки. Иако изгледаат „опасно“, всушност се тивки и мирни ноќни животни.

Од ЗОО – Скопје велат дека во исхраната на бодликави прасиња најчесто се вклучени овошје, зеленчук, корени и растителни делови, но исто така сакаат и инсекти, односно оти добиваат внимателно избалансирана храна од прва класа, секогаш свежа и здрава.

 

ИЗДВОЕНИ