Почна реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Панајот Гиновски”. Овој значаен проект за учениците од ова училиште, Општина Бутел ќе го реализира со поддршка на Министерството за образование и наука.
-По 70 години старата дотраена спортска сала ќе замине во историја. Со реконструкцијата ќе биде поставен целосно нов под со нова подлога. Ќе има и нови соблекувални, а ќе се реконструираат и санитарните јазли. Со оваа реконструкција ќе обезбедиме квалитетни услови за сите училишни спортови и непречено одвивање на наставата по физичко и здравствено образование – соопштија од Општина Бутел.
Од Општината најавија дека наскоро ќе започне и доградбата на ова општинско основно училиште, со што ќе се овозможи одвивање на наставата во една смена.












