Во основното училиште „Димитар Миладинов“ е во тек реконструкција на фискултурната сала. Од Општина Центар велат дека со тоа продолжува заложбата за создавање квалитетни услови за воспитно-образовниот процес и за унапредување на спортската инфраструктура во училиштата.
– Реконструкцијата предвидува санација на подот, реконструкција на ѕидовите и внатрешната кровна површина, замена на дотраените прозорци и бележење на спортскиот терен – соопштија од локалната самоуправа.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, нагласува дека инвестициите во образованието и спортот остануваат меѓу клучните приоритети на Општината и дека во изминатиот период значително се подобрени условите во сите основни општински училишта во Центар .
– Со реконструкцијата на оваа фискултурна сала, учениците ќе добијат простор што инспирира, мотивира и што ги охрабрува да бидат физички активни, што е особено важно за нивниот психофизички развој – вели Герасимовски.