четврток, октомври 8, 2026
Дома СКОПСКА Се обновува горниот кат од градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче                                  

Се обновува горниот кат од градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче                                  

51

По цели 33 години, првпат се врши целосна реконструкција и обновување на горниот кат од градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче. Најмладите, од септември, ќе ги пречекаат нови и значително подобри услови за престој.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, информираше дека на горниот кат се врши замена на подовите во сите занимални и простории, се заменуваат вратите и се бојадисува целиот простор.

– Дечињата, од септември, ќе престојуваат во убаво уреден и целосно освежен простор, со нов мебел и нови дидактички материјали, создадени за нивниот пријатен престој, игра и учење – истакна Митески.

 

 

ИЗДВОЕНИ