Се обележуваат патните правци околу Кавадарци

18
default

„Македонија пат“ активно работи на обележување на патните правци Кавадарци – Неготино, Кавадарци – Росоман, Кавадарци – Дреново и Кавадарци – Мрежичко, пишува на „Фејсбук“ градоначалникот на Општина Кавадарци ,Митко Јанчев.

– Се работи на обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација, обележување на средната линија и рабните линии, со што значително ќе се подобри безбедноста на сообраќајот на овие патни правци – информира Јанчев, додавајќи дека бележењето ќе се врши редовно и дека не било практика тоа досега.

 

ИЗДВОЕНИ