Од вечерва на полноќ поевтинуваат горивата. За 0,5 денари поевтинуваат сите видови горива – ЕУРОСУПЕР 95, 98+ и ЕУРОДИЗЕЛ.
ЕУРОСУПЕР 95 од утре ќе чини 75,5 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР 98+ ќе се продава по 77,5 денари по литар. ЕУРОДИЗЕЛ од утре ќе се точи за 69,5 денари по литар.
Цената на екстралесното масло за домаќинство останува непроменета 69 денари, додека мазутот поевтинува за 0,4 денари и ќе чини 36,7 денари по килограм.