
Лондонскиот премиерлигаш Челзи сака до крајот на летниот преоден рок да најде купец за брзоногиот напаѓач, Николас Џексон. Репрезентативецот на Сенегал до пред неколку дена беше проценет на 100 мил. евра, но сега, британските медиуми ја пласираа и информацијата дека Џексон ќе биде продаден и доколку официјалната понуда не биде помала од 80 мил. евра. Интерес за неговите услуги покажуваат неколку клубови од Премиер лигата.