четврток, февруари 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Се накити подводната елка во Охридското Езеро

Се накити подводната елка во Охридското Езеро

51

Со традиција подолга од 20 години, нуркачите на Нуркачкиот центар „Амфора“, во соработка со здружението за ретки болести и со поддршка на волонтерите на Црвениот крст од Охрид, ја поставија и ја накитија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските – Музеј на вода, симболично одбележувајќи ги новогодишните и божиќните празници.

– Оваа празнична акција е посветена на децата со ретки болести, малите херои кои нè учат на сила, надеж и љубов секој ден. Нека празничниот дух стигне до секое срце и донесе здравје, топлина и поддршка таму каде што е најпотребна –  порачаа од Нуркачкиот центар „Амфора“.

ИЗДВОЕНИ