Се мијат улиците, тротоарите и плоштадите

20

Општина Гази Баба, во соработка со Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“, започнува акција за миење на улиците, тротоарите и на плоштадите на територијата на целата општина. Активноста е дел од континуираните напори на Општината за подобрување на хигиената и на условите за живеење во урбаните и во руралните средини.

– Со оваа акција се овозможува поефикасно отстранување на прашината, нечистотиите и на другите отпадоци од јавните површини. Чистите улици значат поздрава средина за сите, особено во летниот период, кога зголемените температури и загадувањето може негативно да влијаат на квалитетот на воздухот – потенцираат од Општина гази Баба.

Екипите на Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ ќе бидат секојдневно на терен, со специјализирана механизација и со средства за длабинско миење. Се работи по однапред утврден распоред.

Од Општината апелираат до сите жители да дадат свој придонес, да не ги паркираат возилата на местата на кои е планирано миење и да ги почитуваат временските распореди.

– Оваа акција е само еден од многуте чекори што ги преземаме за унапредување на животната средина. Чистотата не е само одраз на културата туку и на грижата за иднината. Да дадеме пример и да го чуваме просторот во кој живееме – наведуваат од Општина Гази Баба.

 

ИЗДВОЕНИ