вторник, февруари 3, 2026
Дома СКОПСКА Се мери загадувањето од угостителските објекти 

Се мери загадувањето од угостителските објекти 

54

Општина Карпош на своја територија започна акција за мерење на загадувачки супстанци на отпадни гасови, кои се концентрирани во вентилациските канали на угостителските објекти.

Овие мерења ги врши акредитирана фирма по налог на општинскиот инспектор за животна средина.

-Согласно законските надлежности за одржување квалитетот на амбиенталниот воздух, веднаш по добиените резултати доколку бидат констатирани одредени неправилности, стручните служби од општината ќе спроведат соодветна прекршочна инспекциска постапка до стопанските субјекти – информираат од локалната самуправа.

Оттаму, нагласуваат дека целта на оваа контролна акција е намалување односно спречување на загадувањето на амбиенталниот воздух, кој директно влијае на квалитетот на живот на карпошани, поточно врз одржување на здравата животна средина.

 

ИЗДВОЕНИ