Европската централна банка (ЕЦБ) објави дека евро банкнотите ќе бидат целосно редизајнирани – тие ќе бидат помодерни, пошарени и побезбедни. Постојните банкноти ќе останат во употреба по воведувањето на новите, а транзицијата ќе биде постепена.
Двата главни мотиви на новите дизајни ќе бидат: „Европска култура“ и „Реки и птици“.
Темата „Европска култура“ нема да вклучува само архитектонски градби, туку и историски личности кои оставиле белег во операта, науката, литературата и науката.
Темата „Реки и птици“ ќе го симболизира природното богатство, разновидноста и отпорноста на Европа. На задната страна од банкнотите ќе бидат прикажани европските институции, нагласувајќи ја важноста на зачувувањето на овие вредности.
View this post on Instagram
Во процесот на дизајнирање учествуваа не само бирократи, туку и експерти од различни земји и граѓани. Две советодавни групи од еврозоната поднесоа предлози, а околу 365.000 луѓе дадоа свои мислења. ЕЦБ организираше отворен натпревар за графички дизајнери од цела Европа помеѓу 15 јули и 18 август. Избраните дизајни ќе бидат презентирани на јавноста во 2026 година.
Воведувањето на новите евро банкноти во оптек ќе трае неколку години. Европската централна банка нагласи дека готовината ќе продолжи да се користи, а новите банкноти ќе бидат помодерни, пошарени и поотпорни на фалсификување.
ЕЦБ објави дека постојните серии на банкноти ќе останат валидни по воведувањето на новите. Старите ќе бидат во оптек додека не се потрошат залихите, а граѓаните ќе можат да ги користат и менуваат во банките во секое време.
Доколку во иднина се одлучи да се повлече старата серија од употреба, оваа одлука ќе биде објавена навреме. На овој начин, преминот кон новиот дизајн ќе биде постепен и непречен и за пазарот и за граѓаните.