Јавното претпријатие „Улици и патишта“ и денескапродолжи со чистење на скалите и на кејот на реката Вардар.
Оттаму информираат дека на кејот на Вардар се коси обраснатата вегетација и се собираат сметот и пластичната амбалажа, а исто така, машински се отстрануваат наноси од земја од коритото на реката Вардар.
– Тековните активности за одржување на коритото и на косините на реката Вардар продолжуваат редовно во согласност со работниот план и со налог од Град Скопје.












