Италијанската манекенка и ТВ-водителка, Мелиса Сата, одлучи јавно да проговори за бизарните обвинувања со кои се соочи, дека поради премногу секс, таа е виновна за спортските повреди на своите поранешни партнери. Таа беше цел на напади во текот на своите врски со тенисерот Матео Беретини и со фудбалерот Кевин-Принс Боатенг, пишува „Sport Bible“.

Додека беше во врска со Матео Беретини, италијанската тениска ѕвезда, тој доживеа повреда на стомакот, за што бројни обожаватели веднаш ја обвинија. Тие ја обвинија дека го предизвикала проблемот со премногу секс, што таа жестоко го негираше.

  • Штета е што оваа повреда е на истото место како онаа од 2021 година, кога не го познавав. Но, во секој случај: дали навистина морам да им одговорам на овие луѓе? – рече Сата во 2023 година, осврнувајќи се на повредата на Беретини.

Сата, која во минатото беше во врска и со поранешниот фудбалер Кристијан Виери, раскина со Беретини во 2024 година и моментално е слободна.

ИЗДВОЕНИ