Дали сакате вашиот стомак да биде помал, вашиот струк потенок, а вашето тело исчистено од масни наслаги? Тогаш овој рецепт е идеално решение за вас. Се јаде три дена, задолжително по ред, и идеално е да се јаде наместо вечера.
Оваа витаминска бомба ќе направи чуда за вашиот стомак, и однадвор и одвнатре. Трикот е што ќе ги исчисти мастите, наслагите и сите остатоци од вашите црева, па ќе исчезне надуеноста, а вие ќе изгледате многу послабо за само три дена.
Секако, важно е да не се прејадувате во текот на денот и да не јадете индустриски слатки барем тие три дена и да пиете најмалку два литри вода дневно.
Ќе ви требаат:
главица зелка,
2 цвекло, 2 моркови,
сок од лимон,
5 лажици маслиново масло
Подготовка:
Изрендајте ја зелката, цвеклото и морковите. Додадете некои зачини по ваш избор, магдонос или целер, потоа измешајте го зеленчукот, исцедете ја течноста, а потоа прелијте ја салатата со сок од еден лимон. На крај, додадете маслиново масло и вашиот витамински оброк е готов.
Многу е важно да не додавате сол во салатата. Јадете ја секоја вечер најмалку три часа пред спиење, најмалку три дена и веќе ќе забележите одлични резултати. Оваа салата ќе го подмлади вашето тело поради состојки богати со витамини, минерали, влакна и пектин, кои ќе ве заситат, ќе ви дадат енергија, ќе го подобрат варењето и ќе ги регулираат проблемите со цревата.
Доколку ви се допаѓа, можете да продолжите да ја консумирате оваа салата и во наредните денови, но по седум дена направете пауза.