среда, февруари 18, 2026
Дома LIFE Се избира организатор на културни настани како „Тиквешки гроздобер“ 

Се избира организатор на културни настани како „Тиквешки гроздобер“ 

106

Градоначалникот на Општина Кавадарци објави конкурс за избор на правно лице, организатор на културни настани како што е „Тиквешки гроздобер“.

Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев информираа дека меѓу културните манифестации што ќе се организираат е и традиционалниот настан, посветен на виното, во февруари, во чест на верскиот празник „Свети Трифун“, што се смета за заштитник на лозарите и винарите.

– Обврска на правното лице е во целост да ги испланира, организира, реализира и менаџира културните манифестации – се наведува во конкурсот. 

Од кабинетот на Јанчев појаснија дека за разгледување на пријавите од јавниот конкурс, градоначалникот формирал петчлена комисиja составена од претставници од културните институции и општинската администрација.

– Приложените проекти мора да содржат образложение и предлог финансиска конструкција, во која ќе бидат наведени средствата потребни од буџетот на Општина Кавадарци, како и средствата обезбедени од Министерството за култура, сопствени средства и други извори – соопштија од кабинетот на Јанчев. 

ИЗДВОЕНИ