Општина Ресен ја интензивира постапката за легализација на бесправно изградените објекти, која произлегува од Законот за постапување со бесправно изградени објекти чија важност изминува на 4 март 2026 година.
Од Општина Ресен посочуваат дека граѓаните треба да ги искористат законската можност и логистичката поддршка на локалната самоуправа.
Градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, упати известување до сите граѓани што, како иматели на бесправни објекти што се изградени на подрачјето на Општина Ресен, имаат поднесено барање за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти или нивни делови, согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, а за кои сè уште не е донесено решение поради некомплетност на барањето, треба да го дополнат со бараните докази и да ги достават во Општина Ресен, преку нејзината архива.












