Се гради нова сообраќајница, продолжение на ул. „Социјалистичка зора“

58

Во Општина Ѓорче Петров почна изградбата на нова сообраќајница, продолжение на улицата „Социјалистичка зора“ до улицата „Сремски фронт“.

Од Општината велат дека со тоа се обезбедуваат подобра поврзаност и полесно секојдневие за граѓаните.

– Современ коловоз, безбедни пешачки патеки, атмосферска канализација и ново улично осветлување. Се грижиме за поудобен, побезбеден и поубав живот во нашата општина – соопштија локалните власти.

 

ИЗДВОЕНИ