Се градат осум спортски терени во Гази Баба  

22

Општина Гази Баба почна со реализација на новиот проект за изградба на осум спортски игралишта на нејзината територија.

Еден од спортските терени се гради во населбата Ченто, кај стара полициска станица.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше дека сите спортски терени ќе бидат со најсовремена тартан подлога која гарантира квалитетно спортување.

– Во мојата изборна програма стоеше: „Подобрување на спортската инфраструктура во населените места и подобрување на условите за спортување на младите“. Ветувањето е исполнето во целост. Од почетокот на мандатот се изградени 27 нови спортски терени, а со новите осум што се градат, бројката ќе достигне до 35 терени кои се вистински центри на активен живот, енергија и заедништво – изјави Стефковски.

 

ИЗДВОЕНИ