Се чека зградата на „Вијесник“ да престане да чади, за да се процени дали може да се спаси

34

Според првичните информации, зградата на „Вијесник“ во Загреб изгоре поради дефект во противпожарниот систем, чие неправилно функционирање довело до тоа огнот брзо да се прошири низ внатрешните делови на објектот, јавува ХРТ.

Според хрватските медиуми, по пожарот што избувна ноќта во понеделникот,  вчера изутрина од зградата сè уште чадело, а најавено е дека стручните служби во текот на денот ќе ја вршат процената на нејзината статичка стабилност, по што ќе се донесе конечна одлука дали може да биде реконструирана или уривањето е единствена безбедна опција. Според првичните процени, уривање е поверојатното решение, но стручњаците ќе можат да дадат конечен суд дури кога ќе добијат дозвола да влезат во зградата. Влезот во моментов е невозможен бидејќи во внатрешноста и натаму се забележуваат мали пламенчиња и жаришта, а конструкцијата е сериозно оштетена и нестабилна.

Ситуацијата е стабилна, ние сме присутни минимално. Во моментов им помагаме на стручњаците по статика и го надгледуваме објектот со беспилотни летала, изјави за „Хина“ командантот на Јавната противпожарна бригада на Загреб, Синиша Јембрих.

 

ИЗДВОЕНИ