Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, најави дека е во тек процес на бришење на осум маркички со намена А2-домување во станбени згради со П+5, предвидени во Деталниот урбанистички план.
Воедно, тој истакна дека неколкуте предвидени висококатници и големи високи куќи на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ се пренаменети во зеленило. Тој додаде дека се работи за површина од над 20.000 квадратни метри.
Тој наведе дека, како градоначалник на Општина Бутел, во својот досегашен мандат нема издадено ниту едно одобрение за изградба на зграда.
– Принципите и дадениот збор се мој животен пат. Покрај тоа што имав цел да ја направам Општина Бутел модерна, секако имав и задача да ја зачувам мирна, со мирен маалски начин на живот – потенцира Костовски.