Реконструкцијата на салата „Работнички“ се одвива во полн ек. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека во моментов се бетонира подлогата, што претставува една од клучните фази во процесот.
-Работиме интензивно култната сала да блесне во ново руво. Во тек е втората фаза од реконструкцијата, каде што ја бетонираме подлогата според највисоки стандарди. Го враќаме сјајот на нашиот „Работнички“ и од септември нашите кошаркари се враќаат дома, на победничкиот терен – вели Герасимовски.
Втората фаза предвидува целосна реконструкција и проширување на теренот, поставување нова еластична подлога според ФИБА стандардите, обновување на гледалиштето со нови седишта, реконструкција на соблекувалните и туш-кабините, како и поставување на климатизација и подно греење.
(А.П.)