четврток, февруари 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Се бараат доставувачи на решенија и покани за данок на имот

Се бараат доставувачи на решенија и покани за данок на имот

41

Општина Битола го објави јавниот повик за работно ангажирање на 15 невработени лица со средно образование, кои ќе вршат доставување на решенија и покани за данок на имот до граѓаните.

Работното ангажирање ќе биде за период април/мај и ќе добиваат надоместок по учинок 20 денари за решение и 5 денари за покана.

Кандидатите треба да достават барање и копија од документ за идентификација (лична карта).

Заинтересираните кандидати да се јават во период од 10 работни дена од денот на објавување на огласот, заклучно со 25.02.2026 година.

Бараните документи можат да се достават во просториите на Општина Битола, булевар „1 Мај“ број 61, на шалтер број 1.

 

 

ИЗДВОЕНИ