
Актуелниот шампион на Италија, тимот на Наполи, е во потрага по фудбалер кој може да биде достојна замена на белгискиот интернационалец Кевин де Бруин. Офанзивниот играч за врска заработи тешка повреда за време на дерби дуелот против екипата на Интер, а по извршените лекарски прегледи беше соопштено дека поранешниот фудбалер на Манчестер Сити мора да мирува во следните четири месеци.











