Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ утринава со почток од 7.30 часот го блокираше сообраќајот на мостот „Близнаци” меѓу општините Аеродром и Гази Баба.
„Овој чекор го преземаме поради немањето слух на надлежните органи за нашите барања и се поголемото труење кое му се прави на овој народ, наведоа претходно во најавата за протестот од „Стоп за Вардариште“, кои изминатите денови на истата локација организираа протести во текот на вечерните часови.