Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски вели дека се бара решение за 550 вработени во подружницата на руската компанија „Лукоил“ во Македонија откако од овој енергетски гигант одлучија да го продадат имотот во странство по санкциите за нафта што ги воведе американскиот претседател.

Бислимоски смета дека треба да и се даде шанса на „Лукоил“ – Македонија да може да снабдува деривати од други земји.

– Имав средба со претставникот на „Лукоил“ – Македонија и тој ќе ги преземе сите мерки за тие луѓе да не останат без работа. Значи, „Лукиол“ може и понатаму да работи и да обезбедува нафтени деривати. Досега, најголем дел обезбедувал од Бугарија, но може да обезбедува и од други земји така што во тој дел треба да му дадеме шанса и понатаму да работи, не мора да се снабдува со деривати обезбедени од руски рафинерии – рече Бислимоски.

„Лукоил“ во земјава има 40 бензински пумпи и 10 резервоари.

ИЗДВОЕНИ