
Веќе нема никаква дилема дека англискиот премиерлигаш Манчестер Сити ќе се обиде за време на летниот преоден рок да стави крај на соработката со крилниот напаѓач, Џек Грилиш. Најскапата аквизиција во клупската историја не ги исполни големите очекувања на раководните лица и затоа ќе биде продаден на првиот клуб кој ќе испрати официјална понуда не помала од 50 мил. фунти.