Се бара крај на војната во Газа: Седумнаесет арапски земји го повикаа Хамас да се разоружи

42
EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Група од 17 земји, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Катар и Египет, го повикаа Хамас да ѝ го предаде своето оружје на Палестинската самоуправа, во понеделникот, во текот на конференцијата на ОН, чија цел беше „оживување“ на решението за две држави Израел и Палестина, објави АФП.

Таканаречената њујоршка декларација, подготвена од Франција и од Саудиска Арабија, копретседатели на конференцијата на ОН, и поддржана од 15 други земји, вклучувајќи ги Бразил, Канада, Турција, Јордан, Катар, Египет и Обединетото Кралство, како и Европската Унија и Арапската лига, повикува на крај на војната во Појасот Газа и на „праведно, мирно и трајно решение за израелско-палестинскиот конфликт врз основа на спроведувањето на решението за две држави“.

Земјите наведуваат дека „управувањето, спроведувањето на законот и безбедноста на сите палестински територии мора да бидат единствена одговорност на Палестинската самоуправа, со соодветна поддршка“. Хамас треба да ја прекине контролата врз Газа и да ѝ го предаде оружјето на Палестинската самоуправа, се додава во декларацијата. Текстот повикува на непречен пристап до хуманитарна помош во Газа и ја отфрла „употребата на глад како метод на војување“.

 

ИЗДВОЕНИ