Се бара чаре за проблемот со фекалната канализација во Нерези

79

Општина Карпош ќе го решава деценискиот проблем со фекалната канализација во Нерези.

Како што објаснуваат од Општината, во делови од населбата Нерези, граѓаните подолго време се соочуваат со голем проблем, а тоа е фекалната канализација, која е изградена на диво, пред повеќе децении. Поради тоа, често се затнува и притоа се шири неподнослив мирис, особено во летниот период. Оттаму велат дека јавното претпријатие „Водовод и канализација“ не презема одговорност и затоа градоначалникот Стевчо Јакимовски излегол на терен, за да се запознае со состојбата одблиску и, конечно, да се најде решение.

– Ситуацијата е сериозна, на одредени места канализацијата поминува под постојни објекти, што ја отежнува интервенцијата. Но постои можност да се најде системско и одржливо решение преку реконструкција и адаптација. Ова е прашање на јавно здравје, хигиена и достоинствен живот и ќе го третираме со целото внимание што го заслужува – истакна Јакимовски.

 

ИЗДВОЕНИ