СДСМ излезе со реакција на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека партијата би освоила над 60 пратенички места доколку утре се одржат и парламентарни избори. Од партијата велат дека анализата на реалните бројки покажува сосема поинаква слика и дека СДСМ се обидува да ги манипулира граѓаните поради страв од очигледниот пад на поддршката.
- ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие падот, а бројките се јасни и немилосрдни кон нив. Прецизната математичка анализа покажува дека ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници, а СДСМ најмалку 21. Очајните обиди за манипулација се резултат на шокот што го доживеаја по загубата на над 140.000 гласа, велат од СДСМ.
Оттаму додаваат дека падот на ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека нивните, како што велат, „празни ветувања и лаги се веќе прочитани“, и дека граѓаните препознале дека политиките на СДСМ се насочени кон стабилност и реални решенија.
- СДСМ ја продолжува битката за уште 17 општини. Ги повикуваме граѓаните масовно да излезат и да ги поддржат нашите кандидати во вториот круг – чесни и докажани луѓе кои уште во првиот круг покажаа дека имаат визија и капацитет, порачуваат од партијата.