петок, февруари 27, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА СДСМ оди на избори на 16 март

СДСМ оди на избори на 16 март

82

СДСМ ги распиша внатрепартиските избори за избор на партиски претседател. На седницата во четвртокот највисокото партиско тело, Централниот одбор одлучило изборите да се одржат на 16 март, а во меѓувреме да почнат сите предизборни процеси. СДСМ согласно својот партиски статут претседателот го избира на директни избори при што право на глас имаат сите со важечка членска книшка.

Како што информираат од СДСМ, Централниот одбор констатирал дека политиките на актуелната власт се погрешни што довело до влошување на животниот стандард.

Граѓаните имаат сè помалку пари додека платите стагнираат. Власта покажува голема неспособност, нема одговор за покачувањето на цените, за осум месеци не понуди ниту една успешна економска мерка додека во здравството се случува хаос и недостаток на лекови, образованието уназадува и генерално земјата се движи во погрешна насока, се вели во соопштението на опозициската партија.

ИЗДВОЕНИ