Сцени на апокалипса во Газа: Се пука во сè што се движи, градот во урнатини, чад и вресоци на луѓе заробени под бетонот на своите домови

Експертите на ОН предупредуваат дека континуираните напади ќе бидат катастрофални за цивилите. Тие ги повикуваат сите земји-членки итно да дејствуваат за да спречат понатамошна ескалација на геноцидот и гладот ​​што им се заканува на милиони. За Газа, велат тие, истекува времето.

544
EPA/ABIR SULTAN

Градот Газа е претворен во сцени на апокалипса. Додека израелската армија ги проширува своите копнени операции, министерот за одбрана Израел Кац отворено се закани дека целосно ќе го уништи градот. Она што некогаш беше срцето на палестинската енклава сега е море од урнатини, чад и вресоци на луѓе заробени под бетонот на своите домови.

Израелската армија објави дека отворила привремена рута за евакуација преку улицата Салах ал-Дин, но жителите велат дека тоа е само илузија.

„Никој не може да помине. Армијата пука во сè што се движи“, велат очајните луѓе. „Гранатирањето е континуирано, а опасноста се зголемува од час во час.“

Еден млад човек од близина на плоштадот Шо го опишува моментот кога се случила експлозијата во зори.

„Земјата се тресеше како крај на светот. Три куќи беа уништени за секунда. Беа полни со семејства… слушнавме вресоци од под урнатините. Новинарите кои сè уште ги ризикуваат своите животи во градот зборуваат за сцени кои е тешко да се опишат. Ги извлековме децата… но беа разнесени на парчиња“, ги опишуваат страотните сцени.

Сликите што доаѓаат од Газа се застрашувачки и го вознемируваат светот. Во заеднички апел, повеќе од 20 водечки агенции за помош предупредија дека Газа е на работ на најмрачната фаза од својата историја. Откако комисијата на ОН за прв пат заклучи дека е извршен геноцид, агенциите порачаа: „Она што го гледаме не е само хуманитарна катастрофа. Тоа е геноцид. Сведоци сме на ужасни смртни случаи и страдања на луѓе кои немаат каде да бегаат.“

Лидерите предупредуваат дека хуманитарната помош се претвора и во смртоносна стапица, со илјадници луѓе погодени од куршуми додека се обидуваат да стигнат до храна и вода.

„Светот мора да дејствува. Ако ништо не се преземе, Газа ќе биде збришана од лицето на земјата“, велат тие.

ИЗДВОЕНИ