
Челниците на Саудиската професионална лига сакаат да „украдат“ дел од ѕвездите на европскиот фудбал за време на зимскиот преоден рок.
Така, еден од најдобрите играчи на Њукасл, Џоелинтон, е на радарот на Саудиската професионална лига, а моќните клубови размислуваат за трансфер веќе во јануари.
Бразилецот пристигна во Њукасл од Хофенхајм за 45,8 милиони евра во 2019 година.
Првично беше доведен како напаѓач, но менаџерот на „црно-белите“, Еди Хау, одлучи да го претвори во играч од средниот ред, а таквата негова одлука се покажа како голем успех.
Тој сега е многу добро етаблиран во светот на фудбалот и е омилен кај навивачите на Њукасл, откако одигра околу 241 натпревар за „Свраките“.
Џоелинтон има договор со Њукасл до летото 2028 година, но постои голема можност неговото време во Њукасл да е при крај.
Клубовите од Саудиска Арабија исто така се распрашуваа за Џоелинтон минатото лето, но тогаш не беше постигнат договор.
Во тој период, челниците на Њукасл сметаа дека не е време да се збогуваат и тоа е единствената причина поради која тој остана во Англија.
Сега, челниците на тимовите од Саудиска Арабија сакаат повторно да се обидат, а овој пат се верува дека ќе успеат во својата намера.











