Саудиска Арабија го менува законот по 73 години

233
EPA-EFE/STRINGER

Во декември минатата година и официјално беше потврдено дека Светското првенство во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија. На него ќе учествуваат 48 репрезентации, а ќе се игра на 15 стадиони распоредени низ пет градови.

После неколку месеци владата на Саудиска Арабија направи голем преседан и го промени законот откако тој беше на сила 73 години. Имено, тие одлучија да дозволат консумирање на алкохолни пијалоци од 2026 година за прв пат од 1952 година.

Причината за ова се два големи настани организирани од оваа земја, а тоа се Експо 2030 и Светското првенство во 2034 година.

Но, овој закон ќе биде строго регулиран и консумацијата на алкохолни пијалоци сепак нема да биде достапна за секого и секаде.

Според локалните медиуми, тоа ќе биде дозволено на 600 локации низ земјата, како хотели со пет ѕвезди, одморалишта, дипломатски зони и атрактивни туристички дестинации.

Саудиска Арабија се повеќе инвестира во спортот и ова е една од мерките со кои сакаат да привлечат што повеќе гледачи на своите стадиони.

Саудиските клубови одамна ја покажаа куповната моќ, а се повеќе атрактивни фудбалски имиња се упатуваат кон Блискиот Исток.

ИЗДВОЕНИ