сабота, февруари 14, 2026
Дома СВЕТ Саудиска Арабија егзекутира осум осуденици за еден ден

Саудиска Арабија егзекутира осум осуденици за еден ден

188

Саудиска Арабија егзекутираше осум осуденици за еден ден, објавија медиумите денес. Официјалната Саудиска новинска агенција (SPA) соопшти дека седум од мажите, четворица Сомалијци и тројца Етиопјани, биле егзекутирани за трговија со дрога, пренесе „Бета“.

Еден Саудиец бил егзекутиран за убиство на неговата мајка.

Од почетокот на 2025 година, Саудиска Арабија егзекутирала 230 лица, од кои 154 за пресуди поврзани со дрога, според податоците објавени од АФП врз основа на официјални изјави.

 

ИЗДВОЕНИ