недела, јануари 25, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Сашко Коцев со возило удрил во полициски службеник?

Сашко Коцев со возило удрил во полициски службеник?

174

Дел од медиумите објавија дека актерот Сашко Коцев со возило удрил во полициски службеник во понеделникот попладне во центарот на градот.

Според МВР, околу 19.15 част во Скопје, на подрачјето на Центар, С.К., управувајќи возило „фолксваген“ не застанал на знак за запирање даден од полициски службеник кој извршувал службени дејствија, агресивно се однесувал, по што со возилото го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото.

Актерот за дел од медиумите изјавил дека не прегазил полицаец и оти воопшто не знаел дека лицето што го запрел е службено бидејќи бил во цивилка.

 

ИЗДВОЕНИ