Во петокот се случи инцидент на плажата во грчкото одморалиште Сарти, и за среќа со брза и решителна реакција, спасувачите успеаја да го извлечат човекот од морето, спасувајќи му го животот.
Видео од оваа драматична интервенција беше објавено на Инстаграм страницата „Grčkainfo“, а на него се гледаат двајца спасувачи како држат човек кој излегува од водата на брегот.
View this post on Instagram
Детали за тоа како се случил инцидентот, не се познати. Оваа ситуација предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Во коментарите под објавата, корисниците ги споделија своите искуства и мислења, при што многумина истакнуваат дека „Сарти е смртоносна оваа година…“.
– Моментално сум во Сарти и пливам во Торони, брановите тука се ужасни, а црвеното знаме е постојано истакнато. Не разбирам што бараат овие луѓе во водата, браво за спасувачите, напиша еден корисник.
Други нагласија дека, покрај спасувачите, и самите туристи честопати се принудени да реагираат: „Бев во Сарти вчера, завчера, спасувачите интервенираа неколку пати, па, дури и туристите“.
Една корисничка го сподели своето негативно искуство од одмор: „Оваа година бевме во Сарти за прв пат, црвеното знаме беше кренато сите 10 дена, брановите беа огромни, па никогаш повеќе, ни пропадна одморот“.
Овој случај уште еднаш нè потсетува на важноста од почитување на предупредувањата на плажите и избегнување на пливање кога условите се опасни.