Саркози ќе ја отслужува затворската казна во Париз

70
EPA/YOAN VALAT
Поранешниот претседател на Франција Никола саркози во вторник ќе оди на отслужување на казната во парискиот затвор „Ла Санте“ во вторник, објавија  француските медиуми.
Кога ќе го напушта својот дом на 16-тиот арондисман во Парис, ќе биде придружуван со колона камермани на мотоцикли, пренесе париски „Фигаро“.

Бивши француски председник Никола Саркози у уторак ће отићи на издржавање казне у париски затвор Ла Санте, преносе данас француски медији.

Автомобилот со кој ќе биде превезуван Саркози ќе дојде директно до затворскиот круг, каде што поранешниот претседател ќе го пречека директорот на затворот, а стражарите ќе го спроведат до крилото со висок степен на обезбедување каде што се наоѓа неговата ќелија. Ќе биде сместен во изолираното одделение на затворот „Ла Санте“, објави БФМТВ, повикувајќи се на извори.

Саркози во септември беше осуден за криминален заговор по повод фиансирањето на неговата претседателска кампања во 2007 година со средства од Либија, во замена за дипломатски услуги на тогашниот лидер на таа земја Моамер Гадафи. Иако тој поднесе жалба на пресудата, одложениот налог за апсење стапува на сила веднаш, додека трае жалбената постапка.

 

ИЗДВОЕНИ