Сараево е на нозе! Граѓаните протестираат по трамвајската несреќа во која животот го загуби 23-годишен студент. Демонстрантите бараат вистина, одговорност и побезбеден град!
Протестите продолжуваат и денеска поради трагичната трамвајска несреќа што се случи пред неколку дена во центарот на Сараево. На 12 февруари, трамвајот излета од шините при свртување и удри во трамвајската станица. 23-годишниот студент Ердоан Моранкиќ загина, неколку лица беа повредени, од кои најтешко 17-годишна ученичка.
„Ме фрустрираше што властите сè уште не направиле ништо конкретно. Потребни ни се одговори, потребни ни се луѓе кои ќе ја отслужат казната за ова“, вели една жителка на Сараево за Дневник.хр
View this post on Instagram
Демонстрантите вчера е собраа во близина на Националниот музеј каде што се случи несреќата, го блокираа сообраќајот и се упатија кон центарот на градот. Тие со транспаренти им пренесоа многу пораки на властите.
„Знаеме дека можеме да бидеме следни и сакаме тоа да се промени“, вели еден од граѓанин на протестот.
„Мислам дека мојата генерација треба да се засрами, бидејќи треба да им се придружи на овие деца за конечно да можеме да промениме нешто во целиот овој систем“, вели друг.
Тие бараат целосна и транспарентна истрага, вклучително и објавување на видео снимки од трамвајот во моментот на несреќата. Меѓу барањата се побезбеден јавен превоз, како и оставки на одговорните лица.
Поради бранот незадоволство, директорот на градската транспортна компанија и премиерот на Сараевскиот кантон претходно поднесоа оставки. Возачот на трамвајот беше ослободен откако судот не одреди притвор. Локалните медиуми, исто така, објавуваат дека фаталниот трамвај бил исклучен од сообраќај дури 50 пати минатата година.
Граѓаните бараат одговори за состојбата со трамвајот и одржувањето на системот, критикувајќи го долгогодишното запоставување и недостатокот на безбедносни стандарди.











